Абазовиќ: Кон крајот на април ќе започне масовната вакцинација во Црна Гора

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, најави дека на крајот на април ќе започне масовната вакцинација, чија цел е да се имунизираат граѓаните, пред се угостителите и туристичките работници, со цел подобро да се подготват за летната туристичка сезона.

За време на посетата на Абазовиќ на Тиват, претседателот на таа општина, Жељко Комненовиќ, ја посочи целта да се генерираат 50 проценти од приходот од туризам оваа година, во однос на летната сезона во 2019 година.

Разговаравме и за воспоставување на директната линија Ниш-Тиват, која започнува во јуни, и сме во преговори кога станува збор за авиокомпанијата Омск-Тиват, рече Комненовиќ.

Абазовиќ истакна дека е целосно свесен за сите наследени проблеми во Општината и дека „крајно е неверојатно дека туристички бренд, како што е Тиват, има финансиски проблеми“, објави Владата на Црна Гора.

Слични содржини