Абазовиќ: Ме тргнаа од власт шверцери на кокаин и цигари

од Берта Китинска

Премиерот на Црна Гора во својот технички мандат Дритан Абазовиќ изјави дека од власт бил отстранет од политичките струи на организирани криминални групи, откако решил да се справи со шверцери на кокаин и цигари.

На Абазовиќ му беше изгласана недоверба на 20 август во парламентот со мнозинство гласови, меѓутоа, тој вели дека вистинската причина за неговиот пораз е тоа што раскинал со децениското помирување на црногорската влада кон криминалните групи, придонесувајќи за голема заплена на кокаин и шверцувал цигари, објави „Гардијан“.

Ако се уште не се знае колку ќе остане премиер, Абазовиќ за британскиот весник изјави дека прозападната ориентација на Црна Гора нема да се промени.

„Во Црна Гора има мала политичка конфузија, но мислам дека нема варијанта што не остава надвор од владата“, рече Абазовиќ.

Тој рече дека решението може да бидат нови избори или нова владејачка коалиција, но и дека во секоја варијанта неговата УРА и нејзините сојузници ќе задржат одреден удел во владата.

„Она што им го ветивме на нашите партнери во Стејт департментот е дека дефинитивно ќе имаме контрола врз дел од владата и ќе го одржиме безбедносниот сектор и надворешната политика“, рече Абазовиќ.

Абазовиќ додаде дека верува оти претседателот на државата Мило Ѓукановиќ е на врвот на соработката меѓу организираниот криминал и црногорската политика.

Тој е проблемот. Верувам дека тој е длабоко вовлечен во корупција“, рече Абазовиќ.

Слични содржини