Абазовиќ: Не ја исклучувам можноста Русија да стои зад хакерските напади врз инфраструктурата на црногорската влада

од Vladimir Zorba

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека нема официјална потврда, ниту пак меѓународните партнери можат да потврдат или демантираат дека Русија стои зад хакерските напади на владината ИТ инфраструктура, како што тврдат Министерството за одбрана и Агенцијата за национална безбедност.

Во меѓувреме, Министерството за јавна администрација потврди дека кубанска хакерска организација е поврзана со нападите.

„Рано е да се зборува за тоа, оваа организација се однесува уценувачки, досега не побарала откуп, ќе видиме дали ќе има такви барања, но тие се однесуваат како криминална организација. Јас не би ја исклучил можноста тие да имаат врски со Русија, затоа што сакам сериозно да пристапиме кон ова, но сметам дека се неодговорни изјави дека ова има врска со Русија. Затоа што ако го земеме во контекст дека Црна Гора е членка на НАТО, затоа што нападот на Црна Гора не е само напад врз нас. Мислам дека тоа ни создаде проблем и дека моравме да објасниме врз која основа тоа се тврди“, рече тој во интервју за „Вијести“.

Како што додаде, методологијата на нападот можеби е слична, но разликата помеѓу тоа што изгледа како напад на ГРУ и тоа што навистина е нивен напад – е навистина голема.

Тој во интервју за „Вијести“ вели дека тврдењата на политичарите дека Русија стои зад нападот се политички мотивирани и дека Агенцијата, како што им објасниле, укажала на методите што се користат во некои други земји.

„Но, ако излезете со остар став, особено во контекст на сето она што се случува во Украина, мислам дека е малку избрзано. Ако ме прашате за Владата, имам обврска да повторам дека 15 дена пред формирање на малцинска влада, имавме напади и пријави за бомби во училиштата, имаше голем притисок врз безбедносниот сектор дека е неспособен, дека не може да ги открие, на крајот испадна дека тоа го прават дури и малолетници. Не можам да кажам дека и сегашниот напад е бениген, но почна веднаш по изгласувањето недоверба на Владата“, изјави тој.

Слични содржини