Абазовиќ по говорот: Геноцидот го направија политиките, повторно ќе дојдам во Сребреница

од Stefanija Kuzmanovska

Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора, денеска во Поточари изјави дека „геноцид не е извршен врз Бошњаците, туку врз луѓето, и не е извршен од војски, туку од политика, политика на злото, политика на смрт и политика на измама“.

По неговата изјава следеа жестоки реакции. Репортерот на N1 Расим Павица го праша Абазовиќ за спорното тврдење.

„Не, имав изјава дека геноцидот го извршиле политиките. Политиките создаваат сè – дури и злото, и убиваат луѓе, а војската извршува во име на политиката“, одговори Абазовиќ.

„Мојата порака е дека мораме целосно да ги маргинализираме овие зли политики од нашите општества. Сè уште постојат и некаде тлеат“, објасни тој.

Тој најави и дека секоја година ќе биде во Сребреница со својата делегација за да им оддаде почит на жртвите од геноцидот.

Слични содржини