Абазовиќ: Црна Гора мора да продолжи – криминалот, корупцијата и национализмот не се опции

од Vladimir Zorba

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека ја поддржува одлуката на Демократската партија на социјалистите која на денешното Претседателство на партијата одлучи да ја прекине поддршката на актуелната Влада.

„Одговорно е и државнички кога не си во можност да и помогнеш на државата, барем да не и одмогаш. Ќе видиме каков е ставот на мнозинството пратеници. Црна Гора мора да продолжи – криминалот, корупцијата и национализмот не се опции. Европската иднина ќе победи“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Функционерот на ДПС, Јевто Ераковиќ изјави дека Владата повеќе ја нема поддршката од ДПС.

„Владата на Дритан Абазовиќ повеќе ја нема нашата поддршка, бидејќи за ДПС приоритет е, беше и останува европската агенда. Без калкулации ја поддржавме владата, сметајќи дека ЕУ е наша заедничка цел. Сега кога за жал е јасно дека тоа не е така, повторно без калкулации продолжуваме да се бориме за истата цел“, напиша Ераковиќ.

„Со менувањето на својот политички курс, Владата на Црна Гора, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без консултација со стручната јавност влезе во склучувањето на Договор со СПЦ, нанесувајќи им непроценлива штета на државните интереси“, пишува во соопштението на ДПС по одржаниот состанок на Претседателството.

Слични содржини