Абазовиќ за јавниот сервис: Се срамам од РТЦГ, тој поларизира и ги турка луѓето во конфликти

од Stefanija Kuzmanovska

Црногорскиот Вицепремиер Дритан Абазовиќ рече дека во јавниот сервис, Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ) недостасуваат реформи.

„Веќе 200 дена создаваат ситуација како да ќе почне војна. Тоа е спротивна улога на јавниот сервис“, објави тој во Собранието, одговарајќи на прашањето на пратеникот на Либералната партија (ЛП), Андрија Поповиќ.

Абазовиќ рече дека она што го гледа во јавниот сервис е катаклизма: „Ова е мое лично мислење како граѓанин и политичар на кое имам право. Се срамам од РТЦГ. Тоа е медиум кој поларизира, електрифицира атмосфера, ги турка луѓето во конфликти“.

Слични содржини