Абазовиќ за масакрот во Цетиње: Ова е трагедија каква Црна Гора не памети

од Берта Китинска

Денешниот настан во Цетиње е трагедија која Црна Гора не ја памети, изјави премиерот Дритан Абазовиќ.

„Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, рече Абазовиќ на Телеграм.

Триесет и четиригодишниот В.Б. убил неколку лица денеска во Цетиње, по што бил убиен. Како што дознава „Вијести“, тој застрелал неколку луѓе.

Телевизијата Вијести, повикувајќи се на извори од полицијата и обвинителството, објави дека најмалку 10 лица се убиени, четири лица се пренесени во Клиничкиот центар, а меѓу загинатите има и малолетници.

Пукањето се случило нешто по 16 часот во близина на Владата, а меѓу повредените има и полицаец кој е пренесен во Клиничкиот центар и неговата состојба е стабилна.

Слични содржини