Абазовиќ за министерот за внатрешни на Србија: Не го доживувам како сериозна личност

од Stefanija Kuzmanovska

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ рече дека „не го гледа министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин меѓу посериозните луѓе во српскиот естаблишмент“, пренесува РТЦГ.

РТЦГ потсетува дека Вулин неодамна, меѓу другото, рече дека создавањето на „српскиот свет“ го решава националното прашање на Србите и дека процесот на обединување е започнат и дека повеќе нема да може да се запре.

„Лично, јас не го гледам меѓу посериозните луѓе во српскиот естаблишмент. Ова не е местото каде што треба да разговараме за нив, што тие треба да прават. Не сакам кога сите се занимаваат со Црна Гора, не сакам кога се навредува државата Црна Гора, не сакам кога се навредуваат премиерот или луѓе од Владата“, рече Абазовиќ.

Слични содржини