Абделслам уште повеќе се радикализирал во затворот, тврди неговиот адвокат

од Vladimir Zorba

 

Главниот осомничен за терористичките напади во Париз, во кои настрадаа најмалку 130 лица, Салах Абдеслам, дополнително се радикализирал откако се наоѓа во затворот, тврди неговиот поранешен адвокат Свен Мари.salah-abdeslam-fleury-merogis-prison

Мари изјави дека условите на кои Абдеслам е подложен во францускиот затвор во Флери-Мерожи, во предградие на Париз, се такви да можат да се подредат во груипата на „психолошка тортура“, што дополнително придонело за негова радикализација, пренесуваат француските медиуми.

-Има брада, станал вистински фундаметалист, а претходно беше клинец кој носеше патики „Најк“, рече Мари за холандскиот весник „Де Волкскрант“.

Абдеслам (26) кон крајот на април и официјално беше обвинет за припадност кон терористичка организација, убивање, киднапирање и држење оружје и експлозиви.

Белгиските власти тогаш и го екстрадираа на Франција, откако на 18 март беше уапсен во Брисел.

Се верува дека тој е еиднствениот преживеан член на групата терористи која ги изведе нападите во Париз, во кои беа убиени 130 ллица

Слични содржини