Претходно оваа година, ABT Sportsline го претстави модифицираното Audi RS7 Legacy Edition со 820 КС, додека нивната најнова креација базирана на RS7 Sportback има моќност до 1.000 КС.
Овој пакет ABT Audi RS7 има аеро-кит од јаглеродни влакна (меѓу другото, преден спојлер, странични прегради, заден дифузер), модифицирана суспензија, подобрено управување, спортски издувен систем изработен од нерѓосувачки челик, 22-инчни ABT алуминиумски тркала, како и рафиниран ентериер (детали од јаглеродни влакна, патосници, прагови…).
ABT Sportsline, исто така, го засили 4.0 литарскиот V8 твин-турбо мотор на 940 КС или 1.000 КС.
Автомобилите треба да работат на гориво од 102 октани за да направат целосни 1.000 КС. На бензин од 98 октани, моќноста паѓа на 940 КС.
Цената на модификациите е 205.000 евра.