ABT Audi RSQ8-S

од Vladimir Zorba

Германскиот ABT Sportsline не седи во место, па пред нас имаме уште едно модифицирано Audi RSQ8.

Тоа значи дека 4,0 литарскиот твин-турбо V8 мотор е зголемен од 600 КС и 800 Nm на 700 КС и вртежен момент од 880 Nm (нов интеркулер, репрограмирана единица ECU…).

За својот RSQ8-S, ABT Sportsline, исто така, обезбеди комплет за каросерија од јаглеродни влакна (преден спојлер, комплет странични прегради, заден дифузер и заден спојлер на покрив), сет од тркала од 22 или 23 инчи (ABT GR или ABT HR), модифициран издувен систем со издувни цевки од по 102 mm, како и префинет ентериер со јаглеродни влакна.

Слични содржини