Acura Precision EV Concept (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Како што беше најавено минатата недела, Acura премиерно го претстави концептот Precision EV вчера, додека пошироката јавност ќе може да го види за време на настанот Monterey Car Week во Америка.

Со оваа студија, Acura го открива и својот нов дизајнерски јазик за својот голем чекор во насока на електрификација.

Поточно, оваа SUV студија ги најавува и стилските карактеристики што можеме да ги очекуваме од првото електрично возило на компанијата објавено за 2024 година.

Меѓу другото, концептот Precision EV се одликува со преден дел „Diamond Pentagon“, сино осветлена маска, Double Apex Blue мат боја, комплет тркала од 23 инчи, задни LED светла, како и модерен ентериер, футуристички управувач и режим на автономно возење наречен „Spiritual Lounge“ (го повлекува воланот во контролната табла, го менува црвеното во ладно сино осветлување и прикажува смирувачка графика на екраните на инфозабавната и контролна табла).

Според претходните вести, серискиот модел треба да се заснова на платформата Ultium на GM и да биде пуштен во продажба во 2024 година.

Конечно, што се однесува до името, првиот сериски електричен SUV модел на Acura ќе ја носи ознаката ZDX.

Слични содржини