АД Бутел: Амди Бајрам нема да биде погребан во Алејата на великаните, туку на муслиманска парцела

од Aleksandar Petrovski

По реакциите на социјалните мрежи на соопштението на партијата на починатиот експратеник Амди Бајрам, дека тој ќе биде погребан на Алејата на великаните, од АД Бутел за „Либертас“ појаснуваат дека информацијата е погрешна и дека Бајрам ќе биде погребан на муслиманска парцела веднаш зад еврејските гробишта во Бутел.

Поранешниот пратеник и политичар ќе биде погребан денеска, откако почина вчера на 64-годишна возраст.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19.

Слични содржини