Адел без шминка и со природна коса изгледа како друга личност (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Адел долго време не се огласуваше на социјалните мрежи, а потоа ги воодушеви сите кога објави фотографија во целосно природно издание.

Пејачката со позираше пред нејзиниот ТВ, а фановите уште еднаш беа воодушевени од нејзиниот изглед: покрај тоа што драстично изгуби тежина, Адел беше фотографирана и без шминка и не беше фенирана.

Додека досега претежно носеше права коса, Адел покажа дека и нејзините „кадрици“ изгледаат одлично. Во оваа прилика, таа и оддаде должна почит на нејзината колешка – Бијонсе – која неодамна објави нов албум.

„Благодарам, кралице, што секогаш нè правиш сакани преку твојата уметност“, напиша Адел.

Се зборуваше многу за неверојатната трансформација на Адел.

Таа ја покажа својата нова фигура во јавноста за прв пат во декември, но едвај на нејзиниот роденден во мај можеше светот да види колку килограми изгубила. Потоа Адел беше фотографирана пред нејзиниот дом во Лос Анџелес, во црн елегантен фустан и на потпетици.

Адел се „преполови“ со редовно вежбање и диета „сиртфуд“. Таа изгуби неверојатни 45 килограми.

Слични содржини