Адел го објави камбек синглот „Easy On Me“

од Vladimir Zorba

Британската соул дива Адел во петокот го објави кам -бек синглот „Easy On Me“, во кој со светот споделува детали за трауматичните шест години што ги претрпе од последното објавување на плочата.

Во тој период, 33-годишната мегаsвезда рече дека имала „година на вознемиреност“ во која нејзиниот брак се распаднал.

Иако нејзиниот глас не ја загуби својата сила, текстовите на новиот сингл откриваат длабока ранливост, со силен рефрен „биди нежен со мене“ испеана со едноставна клавирска фраза.

Пејачката, која продаде милиони албуми, не е заборавена, и покрај тоа што со години беше надвор од фокусот, а обожавателите ја гледаа песната повеќе од 18 милиони пати за 10 часа откако беше објавен синглот на нејзината официјална страница на Јутјуб.

Нејзиниот долгоочекуван нов албум „30“ ќе биде објавен на 19 ноември, објави пејачката во средата.

Снимањето започна пред три години, напиша таа на Твитер, во време кога нејзиниот живот беше „лавиринт на апсолутен неред и внатрешни превирања“.

Со оглед на тоа што Адел продаде милиони албуми и освои голем број награди, вклучувајќи Оскар и 15 Греми, изданието е веројатно најочекуваното во годината.

Слични содржини