Адел и нејзиното момче планираат венчавка летово?

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Адел (34) и спортскиот агент Рич Пол (41) наводно планираат да се венчаат ова лето, две години откако ја објавија својата врска во јавноста.

Среќната вест ја откри таблоидот „Деук Мои“, кој истакна дека тврдењата доаѓаат од „многу сигурен извор“.

Овие наводи дополнително ги подгреаа најновите фотографии на познатата пејачка, кои беа направени на модна ревија во Лас Вегас за време на викендот, а по тој повод таа носеше дијамантски прстен на раката.

Адел и Рич неодамна се појавија заедно на Superbowl, а многумина коментираа дека изгледаат посреќно и позаљубено од било кога.

Потсетуваме, за време на интервјуто за Elle во август, Адел откри дека нејзиниот сон е да биде „домаќинка“, а потоа призна дека веќе прави планови за брак и деца со своето момче Рич.

„Никогаш не сум била волку вљубена. Јас сум опседната со него. Дефинитивно сакам уште деца“, признала Адел во таа прилика.

Слични содржини