Адел руши рекорди на британските листи на најслушани песни

од Vladimir Zorba

Британската поп ѕвезда Адел се врати на првото место на топ листите во Велика Британија, а нејзината нова песна „Easy on Me“ го собори националниот рекорд со најмногу прегледи за една недела.

Оваа песна е нејзин трет сингл што се најде на врвот на британските топ листи по „Someone Like You“ и „Hello“, а Адел исто така има четири хитови кои беа број еден на американската Billboard100 листа.

Со 24 милиони прегледи во последните седум дена, новата песна на британската пејачка го собори рекордот од 16,9 милиони прегледи поставен од песната „7 Rings“ на Аријана Гранде во 2019 година.

Баладата во која Адел зборува за нејзиниот развод од Сајмон Конецки, „Easy on Me“, доаѓа како главен сингл од претстојниот албум на Адел „30“, прв во последните шест години.

Мрежата Spotify во средината на октомври објави дека новиот хит на Адел го соборил рекордот со најмногу прегледи во еден ден.

Според официјалните податоци од британските листи, песната ја постигна најуспешната продажна недела во претходните четири години со 217.300 продажби – најмногу од објавувањето на „Shape of You“ на Ед Ширан во јануари 2017 година.

Продажбата на дигитални синглови од 23.500 „парчиња“ е исто така рекордна за 2021 година досега.

Новиот албум на Адел се чека со нетрпение, со оглед на популарноста на нејзините претходни синглови и албуми.

Пејачката е и првата личност што се појави на насловната страница на британското и американското издание на списанието „Vogue“ за ноември, а интервјуата за двете изданија веќе се објавени на интернет на почетокот на октомври.

Во интервју за американскиот Vogue со Аби Агире, Адел изјави дека албумот „30“ е, меѓу другото, начин да му објасни на нејзиниот син зошто неговите родители повеќе не се заедно.

Во интервју за „Vogue“, таа рече дека ова е многу чувствителна тема и затоа многу го сака овој албум.

Албумот „30“ се очекува да излезе на 19 ноември.

Слични содржини