Адел се опушти за празниците, од бакшишот келнерот не можел да се соземе

од Elena Daskalova

Пејачката Адел одлично си поминува за време на празниците, на нејзиното новогодишно патување на Карибите. Таа ги мине новогодишните празници во друштво на најблиските пријатели, од кои голем дел се исто така естрадни личности.

На дочекот на Нова година, на луксузна јахта, биле присутни и пејачот Хари Стајлс и шоуменот Џејмс Корден.

Како што пренесува „Мирор“, Адел решила нескромно да почести еден келнер, кој пак, сметката ја споделил на социјалните мрежи.

Таа одлучила како бакшиш да остави 2020 долари, симболично, исто како и годината која ја дочекавме. На сметката напишала и „Среќна Нова година“.

Едно е сигурно, со новиот изглед и новата љубов, на Адел навистина ѝ е добро и сака на секој начин да ужива во животот, без да се грижи за споредни работи.

Слични содржини