Адел за разводот: „Се срамев“

од Vladimir Zorba

Адел (33) проговори за чувствата околу разводот, како и низ што поминала тој период. Таа раскажа сè во интервјуто за магазинот „Ролинг Стоун“, кое се одржа по повод објавувањето на нејзиниот нов албум „30“.

Пејачката откри дека најмногу ја погодиле коментарите во врска со разводот, односно дека нејзините обожаватели се радувале поради тоа бидејќи се надевале дека тоа ќе и даде инспирација за новиот албум што го посакуваат.

Таа објасни дека подоцна сфатила дека тоа не е лошо бидејќи нејзините обожаватели сакале само нова музика и на тој начин покажале колку ја ценат нејзината работа.

За нејзиниот поранешен сопруг, Адел, вели таа, никогаш не се чувствувала смирена, среќна или целосно присутна, а тоа многу ја растажило.

„Фактот што толку многу луѓе што не ги познавам знаат дека не успеав… ме уништи. Се срамев. Никој не ме засрами, но се чувствуваш како да не си успеал“, открила таа.

Рекла и дека за време на разводот се борела со депресија и анксиозност, а се било придружено со физички последици. Таа објасни дека во тоа време ја гледала серијата „Сопрановите“ и се трудела да остане зафатена и додала дека патувала и барала места со добра енергија.

Адел го даде и првото телевизиско интервју по неколку години додека го промовираше својот нов албум. Популарната пејачка гостуваше кај Опра Винфри, а се работи за двочасовен специјал кој треба да се емитува во недела на 14 ноември. Адел за оваа пригода облекла бел костум, а многумина истакнуваат дека изгледа подобро од било кога.

Да потсетиме, Адел неодамна го најави својот нов албум „30“, а го објави и својот прв сингл од албумот „Easy on me“. Пејачката по шестгодишна пауза се врати на музичката сцена, а во тој период се разведе и повторно се заљуби.

Музичарката, која со гласот ги воодушевува сите, во меѓувреме ослабе 50 килограми и драстично го промени својот изглед.

Слични содржини