Актуелно
Почетна / Македонија / Адеми: Кога се борев за правата на Албанците не ги користев соседите неалбанци

Адеми: Кога се борев за правата на Албанците не ги користев соседите неалбанци

Бев многу изненаден кога видов дека толку конзервативна партија како ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за технички министер за труд и социјална политика Еврејка, си реков ова е позитивен сигнал. Вака пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми ја почна својата реплика на седницата за разрешување на техничката министерка, Рашела Мизрахи.

„Кога јас се борев за правата на Албанците, не се борев користејќи ги соседите неалбанци. Јас самиот си ја платив таа цена, осум години затвор“, рече Адеми.

Тој им посочи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нашле не – Македонка, жена, да им го брани името Македонија, додека тие се кријат.

Седницата за разрешување на техничката министерка продолжува и по полноќ, односно, како што најави собранискиот спикер, Талат Џафери, додека не се поминат точките на дневен ред на седниците за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители, како и седницата која е во тек, а на која меѓу другото, се разгледува и нејзиното разрешување.

loading...