Адеми: Мицкоски ги преспа овие три години кога државата стана членка на НАТО и се бори за преговори во ЕУ

од Берта Китинска

Владиниот советник за надворешна политика, Едмонд Адеми,во дебатната емисија  на телевизија 21 искоментира дека нема сериозен партнер во опозицијата кога станува збор за збор за стратешките определби на државата.

„ Ние можеме да се караме за економија, образование и други домашни теми, но не и за државните интереси. Каракачанов еден ден спомена дека Договорот меѓу двете држави не е добар, а потоа Мицкоски излегува и вели нов договор, па чии интереси брани Мицкоски? Актуленото раководство на ВМРО ДПМНЕ покажа антидржавно поставување во однос на одбрана на интересите на државата.“- коментираше владиниот советник за надворешна политика, Едмонд Адеми, на телевизија 21.

Тој потсети на заканата на Мицкоски дека државата ни се распрачува, иако ништо драматично не се случило.

„Протестите со 10 или 20 луѓе со говор на лидер на опозиција во кој најавува распарчување на државата е доказ колку е несриозен. Ако ваков е како лидер на опозицијата, како ќе ја води државата, но среќа е што нема да му се дозволи тоа. Ако некој пружил рака овие години во однос на стратешките интереси кон опозицијата тоа сме ние. Премиерот Заев отворено го канеше во Владата да се приклучи во преговорите со Грција, но Мицкоски никогаш не го направи тоа. Нема простор каде што можете да соработувате Мицкоски, тој ги преспа овие три години, дури немаше доблест да стане и да аплаудира за влезот на неовата татковоина во НАТО.“, вели  Адеми.

Слични содржини