Адеми: Наставата продолжува „онлајн“, ќе биде штета за младите ако се прекине учебната година!

од Берта Китинска

Од утре се отвора и првата национална платформа за е-настава, која ќе биде достапна на адресата www.eduin.gov.mk., соопшти денеска министерот за образование Арбер Адеми.

„На оваа платформа опфатени се видео конференциските форми, електронската пошта и слични опции,аму ќе се прикачуваат видео лекции за сите задолжителни предмети, за сите одделенија. Видео лекциите ќе траат 15 минути и ќе бидат со видео нарација од наставници кои доброволно ќе се понудат да ги снимаат. Вистинска штета  е за младите целосно да се прекине годината  за да ја прогласиме за завршена, рече на денешната прес конференција министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Оваа платформа е изработена во соработка со Бирото за развој и УНИЦЕФ.

Слични содржини