Адеми: Не се знае до кога ќе трае прекинот на наставата, седете дома и учете по електронски пат

од Берта Китинска

Министерот за образование Арбер Адеми, денеска соопшти дека најверојатно учебната година нема да продолжи по завршување на првите одредени 14 дена кога се прекина наставата.

-Учениците од училиштата организираат лекции и се вклучени во овој неформален образовен процес. За децата од предшколска возраст има едукативни емисии согласно нивната возраст. Ова ќе трае до стабилизирање на состојбата“, истакна ресорниот министер.

Тој го посочи и примерот на Општина Карпош која започна со проект за дигитална платформа за комуникација помеѓу ученици и професори.

„ Очекувам и другите да се вклучат во овој начин на онлајн едукација. На некои универзитети веќе има онлајн настава со цел студентите да го совладаат материјалот“, порача министерот Адеми.

Слични содржини