Адеми: Организирањето и реализирањето на учебната година со физичко присуство нема замена

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за образование Арбер Адеми, во денешното гостување во отвореното студио на ТВ 24 пред стартот на учебната година порача дека сеуште стои на ставот дека учениците треба физички да присуствуваат на училиште.

„Секако дека останувам на тој став и уште тогаш како министер реков дека организирање и реализирање на учебната година со физичко присуство нема замена и треба храбар чекор да преземеме во овој правец и да очекувме кои ќе бидат предизвиците од организирање на наставата со физичко присуство“, рече Адеми.

Претходникот на Мила Царовска го оквалификува Министерството за образование и наука како една од најтешките институции за раководење, па затоа и посака среќа на актуелната министерка.

Слични содржини