Адеми за Хрватската лига: Порано тепав, сега мене ме тепаа

од Stefanija Kuzmanovska

Не грижи се, подготвен сум! Рано ме фати грч против Осијек, но тоа беше од удар. Ме пресече кога се обидов брзо да станам. Но, сега сè е во ред, играм во четврток, вели Аријан Адеми (29), пренесе „24 сата“.

Капитенот на Динамо во Русија ќе го одигра 79-иот европски натпревар за Динамо, уште еднаш предводник на „сините“ на теренот. Аријан Адеми се потешко ја „преживува“ ХНЛ, капитенот честопати лежеше на тревата на последните игри. А кога Адеми не станува брзо, клупата на Динамо практично „замрзнува“.

– Сè се смени, порано тепав, сега луѓето мене ме тепаат, хаха. Најважно е што фативме три бода против Осијек, но навистина луѓето неколку пати добро ме изудираа во последните неколку натпревари. Некогаш можам да продолжам како сега против Осијек, а некогаш како против ЦСКА Москва во Загреб не можам. Но, сега сум здрава и подготвен, едвај чекам четврток.

Каков е Краснодар?

– Ќе биде тежок натпревар, многу го гледав Краснодар во Лигата на шампионите, тие се одличен тим. Тие се полни со исклучителни и квалитетни индивидуалци, индивидуално се многу посилен тим од ЦСКА. Разговарав и со Никола Моро, тој ми го тврди истото, за него тие се можеби најдобриот тим во Русија.

Ќе бидете ли задоволи со нерешено од првиот натпревар?

– Само размислувам да поминам, тоа е единственото што е важно на крајот. Не би се залетувал со никакви изјави, но мислам дека овој Динамо може да отиде далеку во Европа.

Во последните три сезони, Динамо делува многу посериозно во Европа отколку во претходните години …

– Ние сме многу поискусни, тоа е многу важно. Лигата расте, ние сега се подготвуваме за европски натпревари преку ХНЛ. Па, исто така, ја видовме Ријека како игра во Европа, денес во ХНЛ веќе не е лесно да се добие никого. За мене, ова е најсилната лига од кога играв, убедливо најдобра во последните 15 години. Еве, сега кога трибините надвор не се полни, гледаме дека не сме толку далеку од најдобрите лиги, дека и тука се игра добар фудбал.

 

Слични содржини