Аџиев: Милчин беше врбуван и соработуваше со службата за државна безбедност

од Viktor Jovanov

Поранешниот прв човек на комисијата за лустрација, Томе Аџиев, вели дека укинувањето на лустрацијата е правен преседан од причина што одлуките се потврдени со 2 правосилни пресуди од редовни судови.

-Ова е правен преседан. Лустрацијата беше прекината во 2017 година. Сите предмети поминаа два редовни судови. Сите одлуки се потврдени со 2 правосилни пресуди од редовни судии. Наеднаш доаѓа нов закон со кој се поништува друг закон односно да се поништат одлуките на судот. Ако законот биде донесен нема да биде Уставен.

Поранешниот директор на Фондацијата „Отворено општество“ Владимир Милчин кој е осуден во процесот на лустрација и посочен како соработник на службата за државна безбедност, вели дека е жртва на режимот на Груевски како и на претходниот режим на комунизмот, а не дека бил соработник на службата. Тој вели дека целиот случај е монтиран и дека мора да дојде до укинување на лустрацијата.

На ова првиот човек на комисијата за лустрација Томе Аџиев вели дека укажувањата на Милчин не се точни односно дека тој првично бил следен од страна на државната безбедност а потоа бил врбуван како соработник. Тој тврди дека тоа била редовната процедура на регрутирање на соработниците.

-Сите управни спорови се водат врз основа на документи, ниту комисијата за лустрација немаше право на збор. Милчин беше следен од службите на државна безбедност како припадник на граѓанската десница, а потоа бил врбуван. Така бил користен да прибира информации и не е точно дека бил жртва на два режима, вели Аџиев.

Слични содржини