АДКОМ: Можни рестрикции на вода и несобирање на ѓубре поради високите сметки за струја

од Nikola Popovski

Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ најавуваат дека нема да можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре бидејќи со раскинување на договорите со моменталните снабдувачи на електрична енергија, се очекува зголемување на енергија на слободен пазар.

Од таму бараат итна средба со Министерството за транспорт и врски.

-АДКОМ бараат од Владата да ја разгледа можноста ЈКП да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕСМ, по исти тарифи како котларниците, топлотните станици, училиштата и сите други институции што се со повластена тарифа, вели на денешната прес-конференција Иван Иванов претседател на Управниот одбор на АДКОМ.

Доколку не се преземат мерки, Иванов апелира дека ќе бидат принудени да спроведат рестрикции во потрошувачката на електрична енергија, што ќе значи исклучување од работа на пречистилните станици за отпадни води како најголеми потрошувачи.

Слични содржини