„Адриа ервејз“ ја купи црногорски бизнисмен познат како „Кралот на бананите“ за 45.000 евра

од Aleksandar Petrovski

Словенечката компанија „Ер Адриатик“, сопственост на црногорскиот бизнисмен Изет Ростодер, ја купила банкротираната словенечка авиокомпанија „Адриа ервејз“ за 45.000 евра, јавија словенечки медиуми кои него го нарекуваат „кралот на бананите“.

Ростодер, познат како увозник и продавач на банани, но и трговец со недвижнини, го основа Ер Адриатик само неколку дена откако Адриа ервејз банкротираше на крајот на септември минатата година.

Црногорскиот бизнисмен кој се пресели во Љубљана во 1986 година, исто така, планира да основа нискотарифна авиокомпанија со седиште во тој град.

Покрај Ер Адриатик, две други компании учествуваа на тендерот за имотот на Адрија – хрватската Комфорија, регистрирана во Словенија, и Дил Аеро, новооснована компанија во сопственост на Дејан Слодеи, поранешен пилот на Адриа ервејз.

Сертификатот за авијациски оператор на „Адриа ервејз“ во моментот е суспендиран заради банкрот, но ќе се активира откако Ер Адриатик ги исполни одредени обврски според словенечките правила за цивилно воздухопловство, вклучително и сопственоста на авионите.

Словенечкиот АОК му дава на сопственикот право да извршува трговски услуги од Словенија и други земји-членки на ЕУ.

Слични содржини