Адвокат на обвинетите во „Монструм“: Верувам дека тајните служби знаат кои се убијците

од Stefanija Kuzmanovska

Иако обвинителката Фатиме Фетаи е убедена дека обвинетите во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро се винови и побара доживотен затвор, нивниот адвокат Насер Рауфи верува оти тајните служби знаеле кои се вистинските убијци.

-Јас верувам, навистина верувам дека има „бомби“. Верувам и дека тајните служби знаеле и знаат кои се убијците и виновниците, мислам дека ќе дојде ден и ќе се знае кои се тие што се инволвирани во овој случај. Мислам дека тие „бомби“ некој ги има но сигурно е и дека има и друг мотив зошто не се даваат, некој интерес кој ние како одбрана не можеме да ги знаеме, изјави Рауфи за ТВ21.

Слични содржини