Адвокатите на Лечиќ тврдат дека актерката „манипулирала со снимката“ која беше еден од главните докази

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку информациите во медиумите се точни, Бранислав Лечиќ, неговото семејство, пријатели, деловни соработници, но и неговите адвокати, сметаат дека отфрлањето на кривичната пријава е очекувана правда, изјавија адвокатите на Бранислав Лечиќ по информацијата дека Вишиот суд во Белград ја отфрли кривичната пријава на Даниела Штајнфелд против актерот за силување.

Тие во соопштението навеле дека „актерката била невообичаено мотивирана да го промовира својот филм“.

– Иако во овој момент немаме увид во образложението на одлуката за одбивање на кривичната пријава, ние ѝ укажуваме на јавноста дека сите изјави на г-ѓа Даниела Штајнфелд се контрадикторни и дека сите медиумски интерпретации се полни со нелогичности, додека самото постапување и однесувањето на г-ѓа Даниела Штајнфелд, како образована актерка чија кариера директно зависи од популарноста, прво се обрати до медиумите, направи филм со себе во главна улога, работеше на популарноста на тој филм, само по себе укажува на мотивација што е, благо речено, многу невообичаено и секако невидено од наводни „жртви на силување“ – рекоа адвокатите на Лечиќ.

Во писмото до медиумите, тие исто така тврдат дека постојат докази, кои јавноста не ги видела, а кои, како што тврдат, „непобитно укажуваат на фактот дека Лечиќ нема никаква врска со наводите на Даниела Штајнфилд“.

– Тие докази сè уште не се презентирани во јавноста, но им беа презентирани на државните органи – наведуваат адвокатите.

Тие исто така тврдат дека постојат докази дека актерката, која го обвини Лечиќ дека ја силувал во куќа во Ритопек, „манипулирала со аудио записот“ во кој, како што тврди, може да се слушне нејзиниот разговор со мажот кој ја силувал.

– Меѓу овие докази е оној од кој произлегува дека аудио-снимката што ѝ беше презентирана на јавноста беше изманипулирана со сечење и пакување пред презентацијата. И во исто време, постојат докази кои се позначајни и поважни од тоа – тврдат адвокатите.

Да потсетиме, Вишото јавно обвинителство денеска ја отфрли кривичната пријава на Данијела Штајнфелд против Бранислав Лечиќ, бидејќи, како што соопшти, нема основи на сомнение дека Лечиќ го сторил делото за кое таа го товари.

Слични содржини