Адвокатите на Трамп тврдат: Сенатот нема овластување да му суди

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес изјавија дека американскиот Сенат нема овластување да му суди за отповикување како на приватно лице, под обвинение дека тој го охрабрил бунтот и упадот во Капитол на 6 јануари.

Во поднесокот поднесен една недела пред да започне неговото судење, тимот за одбрана на Трамп исто така тврди дека Сенатот нема овластување да го спречува да извршува јавна функција во иднина, пренесува Ројтерс.

Адвокатите Брус Кастор и Дејвид Шон наведуваат дека постапката за отповикување пред Сенатот е неуставна во своите делови, бидејќи Трамп повеќе не е претседател на Соединетите Американски Држави, па затоа не може да се спроведе постапка за импичмент против него.

Претставничкиот дом на американскиот конгрес го усвои барањето за отповикување на Трамп уште додека тој беше претседател, сепак, дебатата во Сенатот за тоа допрва треба да се одржи. Потребно е двотретинско мнозинство за да се усвои отповикувањето во Сенатот, додека републиканците и демократите имаат по 50 сенатори.

Слични содржини