Адвокатката на Амбер Херд тврди: „Поротата беше под влијание на социјалните мрежи, Амбер нема пари“

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатката на Амбер Херд изјавила дека верува дека поротата во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга била под влијание на она што го виделе на социјалните мрежи.

По речиси 13 часа размислување, седумнеделното судење заврши во средата, а поротата пресуди во корист на Деп и му додели отштета од 10 милиони долари и казнена отштета од 5 милиони долари. Судијата Пени Азкарате подоцна го ограничи надоместокот на 350.000 долари.

За овој случај од висок профил нашироко се зборуваше на социјалните мрежи, а адвокатката на Херд, Елејн Бредехофт, тврди дека не постои „можност“ поротниците да не биле под влијание на она што го виделе на социјалните мрежи за време на судењето.

„Зошто да не? Секоја вечер одеа дома. Имаат семејство. Членовите на семејството се на социјалните мрежи“, рече таа.

„Имавме 10-дневна пауза среде судењето. Нема шанси тоа да не влијаело на нив“, додаде таа.

Зборувајќи за интензивното внимание на јавноста, таа рече: „Тоа е како римскиот Колосеум, знаете? Како го гледаа целиот овој случај. Бев против камерите во судницата и го потврдив тоа и се спротивставив поради чувствителната природа на случајот. Тоа од случајот направи зоолошка градина“.

Тогаш Бредехофт беше прашана дали нејзиниот клиент може да плати отштета од 10 милиони долари, на што таа одговори: „О, не, апсолутно не“.

 

Слични содржини