Адвокатот на Џејми бесен на мајката на Бритни Спирс: „Наместо да го критикува, треба да му се заблагодари“

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Бритни Спирс конечно беше ослободена од долгогодишното старателство кое нејзиниот татко Џејми Спирс го имаше врз неа, се огласила нејзината мајка Лин и веднаш го испровоцира својот поранешен сопруг.

Адвокатите на Џејми реагираа на таа објава и повторно го разбудија гневот кај обожавателите на поп принцезата, пренесува „Мирор“, нагласувајќи дека таа „попрво треба да му се заблагодари отколку да го критикува“.

„Наместо да го критикува, треба да му се заблагодари. Сепак, сите овие години, тој се обидуваше да ѝ овозможи на Бритни што полагоден ‘надзор’ и живот воопшто. Тој ѝ обрнуваше внимание секој ден, по цел ден, мораше да се справува и со итни случаи“, рече застапникот на Спирс, сепак инсистирајќи на тоа дека на пејачката„ ништо не ѝ фалело додека го имала татко ѝ како старател“.

„Тој ѝ беше и татко и мајка“, додаде тој, истакнувајќи дека Лин значително ги намалила дружењето и негувањето на односите со нејзината позната ќерка во последните 13 години, за разлика од Џејми, кој бил покрај неа затоа што ја сакал, а потоа и затоа што морал.

Да потсетиме, Бритни Спирс повторно е слободна жена, бидејќи нејзиниот татко Џејми пред два дена објави дека се откажува од законскиот старателство врз неа.

Слични содржини