Адвокатот на Груевски за „Космос“: Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал

од Берта Китинска

Адвокатот Мехмет Сефери, кој е бранител на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот ТНТ во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.

– Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение – изјави бранителот по службена должност на Груевски.

Слични содржини