Адвокатот на Тачи: Тој беше сослушан како обвинет

од Nikola Popovski

„Врз основа на изјавата дадена од претседателот на Косово, Хашим Тачи, по напуштањето на Специјалниот суд во Хаг, се подразбира дека тој беше сослушан како осомничен“, изјавил вечерва неговиот адвокат Куштрим Паљуси, пренесува „Коха“.

Во емисијата „Raport“ на КТВ, Паљуси истакнал дека Тачи не кажал ништо експлицитно, но дека нешто сè уште може да се заклучи од неговата изјава.

Тој ја истакнал изјавата на Тачи дека обвинителот го прашал за активностите на Ослободителната војска на Косово, потенцирајќи дека ова сугерирало дека тој бил сослушан како осомничен.

Тој додал дека вакво нешто води кон прашањето зошто требало да биде сослушан како осомничен, кога обвинението веќе е поднесено.

„И има причина за тоа. Судијата на претходната постапка го врати обвинението за дополнување, барајќи од обвинителот да разговара со Тачи, пред да го предаде обвинението“, изјавил Паљуси, пренесува „Косово Онлајн“.

Слични содржини