Аеродром ќе добие нов зелен сквер

од Берта Китинска

Уште една запуштена површина во Скопје целосно се преуредува во нов, зелен и уреден простор.

-Во завршна фаза е изградбата на новиот сквер, што е лоциран на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров во Аеродром, а се простира на површина од околу 2000 квадратни метри.

Оваа површина целосно е хортикултурно уредена, извршена е целосна реконструкција на зеленилото и засадени се дрвја, изградени се нови пешачки патеки, поставена е урбана опрема (клупи, корпи за отпадоци), а поставени се и маси за изграње шах.

Оваа е една од четирите локации на која Град Скопје работи на проектот за уредување на запуштените површини кои се наоѓаат во различни општини, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини