Аеродромите повеќе не можат да го поднесат капацитетот на сообраќај

од desk2

 

Меѓународната асоцијација за воздушен превоз, IATA, предупредува дека се поголем број аеродроми го достигнале својот максимален капацитет на слетувања и полетувања.

Ова лето, 204 аеродроми добиле ознака „Level 3“ (ниво 3) за координирање на слотовите, што значи дека немаат капацитет на пистите, платформите или порталите за опслужување на сите летови од комерцијалните авиокомпании, карго превозници и останати авионски услуги.

Ова е значителен порат во однос на 160 такви аеродроми во 2012 година и 189 бо ноември лани, а проблемот беше претставен на Годишниот генерален состанок на IATA во Сиднеј минатиот месец.

Според проекциите, годишниот број на евионски патници, кои сега веќе надминува 4 милијарди, во текот на наредните 20 години двојно ќе се зголеми, а проблемот на капацитетот на аеродромите дополнително ќе се влошува.IATA предвидува дека во следните 10 години уште 100 аеродрми ќе го достигнат својот максимум.

Слот е полетување и слетување на аеродром во точно одредено време. На помалку прометните аеродроми авиокомпаниите добиваат право на летови по пат на стандардна бизнис трансакција од аеродромот. Но на оние со ниво 3, правото на летање го доделува независен координатор на слотови, во просек околу пет месеци пред октомври (зимско работење) и март (летно работење).

Слотовите се доделуваат според правото на првенство, односно на компаниите кои веќе имаат воспоставено линии кој тој аеродром. Но, кога се отвораат нови слотови, или затоа што авиокомпаниите укинуваат некои летови или затоа што на аеродромот има дополнителен капацитет, авиокомпаниите имаат право да конкурираат за нив, а половина од достапните слотови се резервирани за авиокомпаниите кои претходно не сообраќале од тој аеродром.

Повеќе од 50 отсто од координираните слотови се наоѓаат во Европа, а следниот регион со такви слотови е Азија-Пацифик. Само Кина има 21 таков аеродром со координирани слотови. Во САД, само њујоршкиот аеродром „ЏФК“ има таков статус.

Покрај 204 аеродроми со ниво 3, има и 100 аеродроми со ниво 2, односно во најпрометниот дел од денот и годината се соочуваат со густ сообраќај.


Проблемот може да се реши со вложување во нови аеродромски капацитети па така Кина има планови за изградба на нови аеродроми меѓу кои и вториот пекиншки кој треба да се отвори следната година, а ќе има годишен капацитет од 100 милиони патници.

Мексико Сити исто така гради нов аеродром, а на лондонски „Хитроу“ одобрена му е трета писта.

Сепак, не сите се сложуваат со овие апокалиптичн предвидувања. Стручњаци велат дека кога некој аеродром го достигнува максимумот, поголемиот број патници се прелеваат на помалите околни аеродроми. Во Европа добри примери за ова се аеродромот во Корк, кој профитираше благодарение на ограниченоста на аеродромот во Даблин, како и белгискиот Шарлроа, во јужниот дел на Брисел, поради пребукираност на главниот „Завентем“.

Според стручњаците рестрикциите на слотовите често водат кон монополистичко однесивање на авиокомпаниите. Превозниците кои имаат добиено слотови сакаат да не се направат нови слотови, за тие да ја одржат контролата над одедени пазари.

Препораката нивна за решавање на овој проблем е подобро управување со доцнењето на летовите, подобра организација на распоредот на слетувања и нивна координација од достапните портали, што може да доведе до нови слотови на аеродромите, пишува “Travel“ магазин.

Слични содржини