Аеродромот во Вилнус со новогодишна елка од конфискувани предмети

од Elena Daskalova

Аеродромите низ светот ги украсија своите објекти, а еден се издвојува меѓу сите други. Се работи за аеродромот во Вилнус, во Литванија.

Преку целата година, службениците ги собирале конфискуваните предмети од патниците. Сега, празнично одлучиле од нив да се изработи новогодишна елка, а со тоа и јасно да им се даде до знаење на сите кои патуваат што треба, а што не смее да се носи во багажот.

Меѓу предметите има неколку ножеви за сечење сирење, ножици, пиштол, швајцарски ножиња, отворачи за вино, клешти, светилки…

Врвот на елката е направен од ножеви за сирење.

Со ова, тие им порачуваат на патниците добро да ги прочитаат правилата на секоја авиокомпанија во однос на тоа што се обидуваат да пренесат, за да се избегнат непријатните претресувања на багажот на самите терминали.

Слични содржини