Афера Пегаз: Макрон ги смени мобилниот и телефонскиот број

од Nikola Popovski

Францускиот претседател Емануел Макрон ги смени мобилниот телефон и телефонскиот број два дена по објавувањето на аферата „Пегаз“, во кој беше откриен софтвер за прислушување што следел новинари, адвокати, политичари…

Макрон бил меѓу наводните жртви во аферата „Пегаз“, објавија некои медиуми, а сега тој реши да го смени телефонот, тврди „Франс Инфо“.

Француските безбедносни служби понудија помош на сите граѓани на Франција, кои се сомневаат дека биле мета на овој шпионски софтвер.

Француските медиуми тврдат дека 15 сегашни или поранешни министри во таа земја биле мета на „Пегаз“.

Слични содржини