Афера „Респиратори“: Приведен премиерот на Федерацијата БиХ

од Nikola Popovski

По повеќе од осум-часовен распит, премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ, бил приведен од полицијата во рамките на истрагата за сомнителното купување на болнички респиратори. Полицијата го привела и директорот на Управата за цивилна заштита, Фахрудин Солак и сопственикот на компанијата „Сребрена малина“, Фикрет Хоџиќ.

Премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ, суспендираниот директор на Управата за цивилна заштита на тој субјект, Фахрудин Солак и сопственикот на компанијата „Сребрена Малина“, Фикрет Хоџиќ, биле сослушани во Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) како дел од истрагата за сомнителна набавка на болнички респиратори.

Тие биле приведени во СИПА за кривична истрага, а биле сослушани како дел од истрагата поради набавка на 100 респиратори од Кина, кои чинеле пет милиони евра.

Обвинителството на БиХ треба да каже во текот на денот дали некој од нив е осомничен за тој случај.

Слични содржини