Актуелно
Почетна / Бизнис / Африка: Економски загуби од 69 милијарди долари поради пандемијата

Африка: Економски загуби од 69 милијарди долари поради пандемијата

Африканските земји претрпеа економска штета од најмалку 69 милијарди долари поради пандемијата од коронавирус.


Генералниот секретар на Комисијата на Обединетите нации за африканска економија, Вера Сонгве, изјави за Анадолија дека економскиот раст е запрен од воведувањето на карантин во африканските земји и дека сиромаштијата е во пораст.

„Поради рестриктивните мерки и карантинот, предизвикана е економска загуба од 69 милијарди долари во 42 африкански земји. Во најдобар случај, ќе имаме пад на економскиот развој од 3,2 на еден процент“, рече Вера Сонгве.

Посочувајќи дека голем број семејства во Африка преживуваат од пари што им ги испратиле роднини од странство, таа рече дека и секторот за туризам и услуги во Африка претрпе големи загуби, пренесува Ал Џезира.

„Економските последици, исто така, ќе доведат до натамошен раст на социјалната нееднаквост во Африка“, рече Сонгве.

Според Центарот за контрола и превенција на болести во Африка (ACDC), повеќе од 150.000 луѓе биле заразени со коронавирусот во земјите на тој континент, а близу 4.500 луѓе починале.

loading...