Афроамериканец починал после брутална интервенција на полицијата: Четворица се отпуштени (видео)

од Nikola Popovski

Нов случај на починато лице на американските улици уште еднаш ги разбранува духовите во афро-американската заедница, која постојано се жали на теророт на полицијата против нив.

Џорџ Флојд, 46-годишник од Минеаполис, починал во болница, откако претходно полициската интервенција била снимена од случаен минувач, а неговото семејство тврди дека тие дејствувале нехумано со прекумерна употреба на сила. Флојд работел како чувар и колегите тврдат дека тој бил „нежен џин“.

Портпаролот на полицијата изјавил дека полицијата била повикана за пијанство и дека Флојд се спротивставил на апсењето. Но, Си-Ен-Ен објави дека четворицата полицајци вклучени во инцидентот веднаш биле отпуштени од работа.

Но, што точно се случило? На снимките се гледа како полицаец клекнува на Флојд и го притиска коленото на вратот. И, иако тој се жали неколку минути на основа дека не може да дише, полицаецот му рекол да биде смирен. Друг полицаец ги задржал минувачите на оддалеченост кои предупредувале 46-годишникот не се движи.

„Тој не се движи, не дише, почувствувајте му го пулсот“, повторил еден минувач.

По некое време, пристигнала брза помош за да го земе човекот и да го пренесе во болницата, каде што подоцна починал.

Началникот на полицијата во Минеаполис најави федерална истрага, а граѓаните положиле цвеќе на местото на инцидентот во вторникот.

Вчера вечерта, пред полициската станица во Минеаполис полицајците морале да користат солзавец за да ги растераат масовните протести заради смртта на Флојд.

 

Слични содржини