Агаси: Ѓоковиќ ќе го надмине Федерер

од Vladimir Zorba

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси изјави дека никој не е подобар од Новак Ѓоковиќ кога е во најдобраформа и дека тој верува дека ќе го надмине Роџер Федерер по бројот на Гренд-слем титули.

Поранешниот тренер на српскиот ас изјави за „Тајмс оф Индија“ дека Новак, кој моментално има 15 титули од „големата четворка“, може да ги надмине 20-те на Федерер.

– Кој е најдобриот досега? Бројките не можат да бидат единствениот критериум. Меѓутоа, ако ме прашате, кој го игра најдобриот тенис, а не кој е најголем, високи стандарди постави Новак кога беше на врвот. Сите целат кон ова ниво, рече Агаси, цитиран од Танјуг.

Агаси предвиде дека Ѓоковиќ наскоро ќе биде рекордер по бројот на освоени Гренд-слем титули.

– Јас сум од Лас Вегас, морам да се обложам … За две или три години, Новак ќе го надмине Федерер, ако сака, додаде тој.

Американецот не жали што соработката со Ѓоковиќ не траеше подолг период. Тие соработуваа помеѓу мај 2017 и март 2018 година.

– Мачниот процес помина, верував дека можам да му помогнам. Чувствувам дека го направив тоа, дека го затресов неговиот „кафез“ за да профитира тенисот, заклучи Агаси

Слични содржини