Агелер очекува во следните месеци да бидат објавени листи за санкции

од Radmila Tasevska

Американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер, во интервју за ТВ „Телма“ вечерва порача дека има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме.

-Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња”. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции, порача Агелер, осврнувајќи се на очекувањата за црната листа на САД за корумпирани лица.

Агелер вели дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така.

– Значи тоа е постојан разговор. Немам временска рамка бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе ги заврши истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка. Ќе повторам за да бидам јасна, тој разговор кој го водиме, кој јас го водам, кој мојот тим овде го води со Вашингтон, не бараме мислења на луѓе од оваа земја, и верувајте ми, откога дојдов овде, луѓе имаат пријавено многу, многу имиња во оваа Амбасада, на луѓе кои ги прекршиле правилата, и кои треба да бидат на некоја од листите за санкции. И ние секако дека ги разгледуваме тие, нагласи Агелер.

Слични содржини