Агелер: Уставните измени треба да се усвојат, пратениците да гласаат за државата да се придвижи напред

од Vladimir Zorba

Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер денеска од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.

– Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, рече Агелер, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија” што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC).

Амбасадорката нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека тие имаат гласачи и дека тие се одговорни кон нив, но смета дека „ова е во најдобар интерес на Северна Македонија” и на тоа мисли кога ја спомнува „тешката одлука”.

Слични содржини