Агелер за уставните измени: Функционерите да постапуваат во интерес на граѓаните

од Nikola Popovski

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер уште го повтори ставот на нејзината земја во однос на предвидените уставни измени и внесувањето на бугарското малцинство во преамбулата на македонскиот Устав.

-Ова е важно прашање и примарно е важно за водството на Северна Македонија. САД го поддржува придвижувањето на земјата кон евроатлантската интеграција. Веруваме дека пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење и ќе има големи продобивки за земјата. Ги поттикнуваме водството и избраните функционери да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат потребните измени кои ќе го овозможат патот кон Унијата.

Знаеме дека ова се тешки одлуки и дека граѓаните веќе донесоа многу тешки одлуки, но ние поддржуваме се што ќе ви овозможи придвижување кон тој пат, рече Агелер како одговор на новинарско прашање на денешната заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Слични содржини