Агент на ФБИ: Садам Хусеин за 30 секунди дозна две работи за мене

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот агент на ФБИ, Џорџ Пиро, кој го испрашувал поранешниот лидер на Ирак, Садам Хусеин, навел дека во првите 30 секунди од нивниот разговор за време на испрашувањето, Садам знаел две работи за него.

-За време на мојата прва средба со Садам, во првите 30 секунди, тој знаеше две работи за мене. Му кажав дека се викам Џорџ Пиро и дека сум задолжен за испрашувањето, а тој веднаш ми рече: „Ти си Либанец“. Му реков дека моите родители се Либанци, а потоа тој додаде: „Ти си христијанин“. Го прашав дали тоа му е проблем, ми рече апсолутно не, бидејќи го сака либанскиот народ. Си помислив: „Одлично, добро ќе се согласуваме“, рече Пиро за Си-Ен-Ен.

Пиро го испрашувал Садам седум месеци откако американските сили го фатија на 13 декември како се крие во северен Ирак, сето тоа откако американската војска ја нападна земјата во март 2003 година, тврдејќи дека Багдад има оружје за масовно уништување и дека соработува со Ал Каеда.

Слични содржини