Агентите на Жесус во Лондон во обид да го комплетираат трансферот во Арсенал

од Vladimir Zorba

Агентите на напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, треба да пристигнат во Лондон оваа недела за да ги забрзаат преговорите со Арсенал, објави „Дејли Меил“. Двата клуба се уште не можат да се договорат за трансферната сума, откако шампионите ја одбија понудата вредна 35 милиони на „топџиите“.

Токму поради тоа претставниците на Жесус се надеваат дека ќе успеат да постигнат посериозен напредок во директните разговори со шефовите на лондончани во наредните денови. На Арсенал итно му треба напаѓач, бидејќи на оваа позиција го има само Еди Нкетија по заминувањето на Александре Лаказет и разделбата во јануари со Пјер-Емерик Обамејанг.

Манчестер Сити се држи до цена од 50 милиони фунти, која ќе покрие дел од парите потрошени за нови засилувања.

„Граѓаните“ веќе го привлекоа Ерлинг Халанд, а во наредните недели се очекува да биде направен нов сериозен обид за купување на англискиот репрезентативец Калвин Филипс.

Слични содржини