Агенцијата за катастар на недвижности од денеска со променето работно време

од Nikola Popovski

Агенцијата за катастар на недвижности согласно препораките од Владата за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот Ковид-19, информира дека шалтерите во Центарот за катастар на недвижности – Скопје од денеска ќе работат со работно време од 7:30 до 15:30 часот.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните кои ќе имаат потреба од услуги или некакви консултации, доколку е возможно тоа да го прават по електронски пат.

Голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб-страницата www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија 0800 80 800.

Слични содржини