Агресивна скопјанка предвизвикала инцидент на пунктот за вакцинација „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 43-годишна скопјанка била приведена откако се однесувала агресивно кон полицијата на пунктот за масовната вакцинација „Борис Трајковски“.

„На 10.05.2021 во 10.00 часот во Спортски центар „Борис Трајковски“ од полициски службеници од СВР Скопје била приведена Б.К.(43) од Скопје, бидејќи го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници“, велат од полицијата.

Против пријавената ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини